ОГЛАС ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ

ОГЛАС бр. 10/2021 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ

Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 год. бр. 08-11545/41 од 29.12.2020 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр.16/2020), Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08-4086/51 од 28.04.2021 година и Одлука за донесување на Правилникот со кој се утврдени начинот и условите за изнајмување на урбана опрема за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Охрид бр.08-4086/18 од  28.04.2021, ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:

 

ОГЛАС бр. 10/2021

ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА  ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ

 

ЈП Градски Пазар Охрид издава урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:

 

  1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенири

 

Плоштад св. Климент Охридски

Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени шематскиот приказ

Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 15.12.2021 до 21.01.2022 година.

 

  1. Почетна цена за издавање на урбана опрема е:

 

  • урбана опрема  2.2 м²  за продажбата на сувенири со почетна цена од 5.000.оо (пет  илјади) денари вкупно 1
  • урбана опрема  4 м²  за продажбата на сувенири со почетна цена од 8.000.00 (осум илјади денари) вкупно 9

 

2.1 Почетните цени за издавање на урбана опрема се однесуваат за дадениот период

 

2.2 Во почетната цена за издавање на урбана опрема, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.

 

  • Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати во рок од 5 работни дена од склучување на договорот за закуп. Во спротивно договорот ќе биде ништовен и право на закуп на урбана опрема ќе има наредно рангираниот учесник на јавниот повик.
  • Редовно да ја одржува урбаната опрема која ја закупил и по завршувањето на договорот за закуп истата да ја предаде на закуподавачот во состојба каква што ја презел од него.
  • Да овозможи непречен увид на урбаната опрема од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото.
  • Должни се да обезбедат времено броило(приклучок) за струја, со што потрошувачката на потрошена електрична енергија паѓа на товар на закупецот.
  • Паушалот за надомест на вода, редовно да го сервисираат кон ЈП Водовод Охрид.
  • Комуналните услуги, како и трошоците за отпадни води, редовно да ги сервисираат кон ЈП Охридски Комуналец Охрид и ЈП Нискоградба.
  • Да ги почитува сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно ќе следи еднострано раскинување на договорот.

 

2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

  • Трошокот за комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) изнесува 7,00 (седум денари) од м2 дневно.
  • Договорот со најповолните понудувачи за точка 1 ќe се склучуваат за дадениот период.

 

  1. 3. Доставување на понуди

3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:

  • Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
  • Физичко лице кое е жител на општина Охрид
  • Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
  • На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.

 

Право на учество на јавниот повик немаат:

  • Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.

3.2 Понудувачот треба да достави:

 

  • Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/
  • Уплатница на име депозит за учество на износ од 5.000 оо (пет илјади) денари, за типизирана куќарка со димензии 2.2м2, и депозит од 000.00 (осум) илјади денари за типизирана куќарка со димезии 4м2.
  • Уплатата се врши на следната сметка: жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, подруж. Охрид

 

За правни субјекти

 

  • Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),
  • Потврда дeлa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса( за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нселени мста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) изнесува 7,00 (седум денари)и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид и УЈП);
  • Фотокопија од лична карта на управителот

 

За физички лица

  • Фотокопија од лична карта
  • Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена урбана опрема е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат урбана опрема на јавното наддавање ќe биде одбиен од  вкупната цена на склучениот договор.

 

Депозитот  за учесниците кои добиле урбана опрема-типизирана куќарка, а се откажале, истиот нема да им биде вратен.

 

  1. Начин на доставување на понуда

 

Понудата треба да се достави во затворен плик со назнака:

 

„НЕ OTBOPAJ“

ЈП Градски Пазар Охрид

Комисија за спроведување на оглас за прибирање понуди за издавање на урбана опрема бр. 10/2021

Дел:                                                   , урбана опрема бр.                       

 (се внесува делот и бројот на урбана опрема за кoj пoнyдyвaчот  учествува,  

 НА ПРИМЕР I — продажба на храна и сувенири, урбана опрема бр. 5)

 „Булевар Туристичка“ 6p.79  Охрид

 

НAПOMEНA:

Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.

Пример за адресирање на плик за достава на понуда:

 

 

“НE OTBOPAJ“

„Да не се отвора пред 10.12.2021

Оглас бp.10/2021

ЈП Градски Пазар Охрид

Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на

урбана опрема бр. 10/2021

 

Дел:                                      , урбана опрема бр.                

(се внесува делот и бројот на урбана опрема за кој понудувачот учествува) “Булевар Туристичка “ бр. 79 Охрид

 

 

Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид.

 

ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена состава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

 

  1. Начин на отворање

 

Понудите да се достават најдоцна до 10.12.2021  г во 12.00 часот.

 

  • Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди
  • Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање
  • За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на   понудувачот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.
  • За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.

 

  1. Предмет на јавно наддавање

 

  • Предмет на јавното наддавање е  месечната конечна цена, т.е за дадениот период

 

  1. 7. Склучување на договор

 

Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.

 

Договорот ќе се склучи во рок од пет работни дена од денот на приемот на Известувањето  за избор на најповолен понудувач.

 

Пред склучувањето на Договорот , понудувачот е должен во целост да ги подмири сите трошоци кои произлегуваат од постапката , вклучувајќи ја и комуналната такса.

 

По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои произлегуваат од истиот, уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец”

 

Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање, не склучи  договор  во  цитираниот  рок,  договорниот  орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.

 

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар  Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

 

Графички приказ

 

Комисија за спроведување на поставка

за издавање на урбана опрема со

Решение бр. 03-612/1 од 30.11.2021

  1. Тони Коталески-претседател
  2. Јован Јованоски-член
  3. Јане Стефаноски -член

и нивни заменици;

  1. Охридија Руменоска-заменик претседател
  2. Кристина Стефаноски-зам. Член
  3. Флутра Мехмед-зам. член

                                                                                       

 

 ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

                                                                                                   В.Д  Директор

                                                                                             Александар Попоски

Образец на понуда

Поставување урбана опрема за продажба на храна и  сувенири

 

ВРЗ ОСНОВА НА ОБЈАВЕНИОТ ОГЛАС БР. 10/2021 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ДОСТАВУВАМ

П О Н У Д А    

 

  1. ОПШТ ДЕЛ

Име на понудувачот:                                                                                                           

(назив на правно лице според тековна состојба или име,татково име и презиме за физичко лице)

Контакт информации

Седиште/адреса:                                                             

Телефон:                                                                      

моб.телефон:                                                            

факс:                                                                               

Е-пошта:                                                                              

Лице за контакт:                                                                                                                                  

Одговорно лице (управител) :                                                                                                          

Даночен број :                                                                                       ЕМБС                                                    

ЕМБГ:                                                                                  (за физичко лице)

 

Во прилог на понудата доставувам:

  1. За правни субјекти
    • Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – (не постари од 6 месеци)
    • Потврда дека нема заостанати обврски кон општината
    • Фотокопија од лична карта од управителот
  2. За физички лица
    • Фотокопија од лична карта
    • Потврда дека нема заостанати обврски кон општината
    •  
  1. ФИНАНСОВА ПОНУДА

 

Број на урбана опрема Намена на урбаната опрема  закупнина
     

 

Со зборови                                                                                                            денари

(се внесува понуден износ )

 

 

 

 

Датум                                                                                              Подносител на понудата

 

 

Превземи ОГЛАС

ОГЛАС бр. 09/2021 За давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП Градски Пазар Охрид со електронско наддавање за период од две години

 

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

ОГЛАС бр. 09/2021

За давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП Градски Пазар Охрид со електронско наддавање за период од две години

Комисијата за спроведување на постапка за издавање на деловен простор под наем бр. 03-459/1 од 16.08.2021 врз основа на член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост ( Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15,153/15, 190/16 и 21/18), Одлука за отстапување на правото на користење и управување со недвижности од ЈП Охридски Комуналец Охрид на ЈП Градски Пазар Охрид бр. 02-32/4 од 10.01.2011 година, потврдена со Одлука на Совет на општина Охрид бр. 07-18/4 од 28.01.2011 година на закупувачот и согласно Проценката на Недвижен имот од овластениот проценител ПРОЦЕНКА ДООЕЛ Охрид бр. 01-48/8 од 21.01.2020 година, објавува давање под закуп објекти- деловен простор во ЈП Градски Пазар Охрид на ул. Булевар Туристичка бр.79 Охрид, согласно табеларниот преглед:

 

Ред.бр Адреса на објектите КП или КО Површина Почетна цена на јавното наддавање во денари Банкарска гаранција од 2% изразена вредност во денари
1 Булевар Туристичка бр.79 Охрид

Деловен простор бр. 3

14766 30м2 13.989,00 55.940,00
2 Булевар Туристичка бр.79 Охрид

Деловен простор бр. 4

14766 30м2 14.761,08 59.028,00

 

Објавата е делива, ќе се наддава од цените впишани од табеларниот преглед.

 

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање се објекти-деловен простор, прикажани во табеларниот преглед, и се издаваат во закуп за времетрање од две години од денот на потпишувањето на договорот во закуп со најповолниот понудувач.

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни физички и правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО НАДДАВАЊЕ

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид, и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата . Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетни согласно огласот. На подносителите на пријавите кои се комплетни, комисијата  во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им се доставува корисничко име и лозинка за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комлентна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

Документи потребни за пријава за јавно електронско наддавање се следните:

  • Потврда дека немаат заостанат долг кон претпријатието
  • Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата.
  • Потврда дека за фирмата не е поведена постапка за стечај или ликвидација
  • Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното надавање.
  • Доказ за идентитет (лична карта)
  • Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија за правни лица.
  • Е-маил адреса на поднесувачот на пријавата, преку која што ќе се врши постапката на регистрирање за учество во јавното електронско наддавање на која што ќе им биде испратено корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која ќе се одвива електронското јавно наддавње.

Пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази, нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат. Објавата трае десет (10) дена почнувајќи од 16.08.2021 до 25.08.2021 година. Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата  www.eaukcijaohrid.mk . Јавното електронско наддавање ќе започне на ден   30.08.2021    со почеток во:

За деловен простор бр. 3 од табеларниот преглед од 08.00  до 08.30 часот

За деловен простор бр. 4 од табеларниот преглед од  09.00 до 09.30 часот.

 

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетната цена на месечните закупнини се цени од објавата дадена во табеларниот преглед.

 

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на првата месечна закупнина постигната на јавното наддавање.

 

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до  25.08.2021   до 12   часот.

 

ПОСТАПКА

Јавното електронскот наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена за месечната закупнина на објектите-деловните простории кој и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по објавата се пријавил само еден учесник кој што ги исполнува условите од објавата и ја наддаде почетната цена.

Доколку во истекот на последните две минути од определеното време на траење на јавното електронско наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, тогаш крајниот рок за завршување на јавното електронско наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за време од следните две минути нема да биде дадена нова понуда.

Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временскиот интервал од две минути нема да биде дадена нова понуда.

За најповолен понудувач се смета учесникот во јавното надавање кој што понудил последна цена за закупнината која што преставува највисока цена за закупот.

По завршувањето на јавното наддавање Комисијата изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на електронското јавно наддавање.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на постапката на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата  на жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, подруж. Охрид, во согласност со постигнатата крајна цена за месечна закупнина, а доколку не ги уплати во овој рок, нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во рок од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните ствари.

Со најповолниот понудувач во рок од пет работни дена по извршената уплата на месечната закупнина се склучува договор во закуп за објектот-деловниот простор.

Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение во рок од 5(пет) дена од приемот на приговорот.

 

ПРАВНА ПОУКА

Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид.

Детални информации врзани за објавата можат да се добијат во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид и на телефон: 046/266-600

 

 ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

 

Комисија за спроведување на постапка

за закуп на недвижни ствари  со електронско јавно наддавање

 

 

 

 

 

                                                                                                ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

                                                                                                    Директор

                                                                                                   Кристина Крлеска Деспотоска

ОГЛАС бр. 08/2021 За давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП Градски Пазар Охрид

 

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

ОГЛАС бр. 08/2021

За давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП Градски Пазар Охрид со електронско наддавање за период од две години

Комисијата за спроведување на постапка за издавање на деловен простор под наем бр. 03-430/1 од 29.07.2021 врз основа на член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост ( Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15,153/15, 190/16 и 21/18), Одлука за отстапување на правото на користење и управување со недвижности од ЈП Охридски Комуналец Охрид на ЈП Градски Пазар Охрид бр. 02-32/4 од 10.01.2011 година, потврдена со Одлука на Совет на општина Охрид бр. 07-18/4 од 28.01.2011 година на закупувачот и согласно Проценката на Недвижен имот од овластениот проценител ПРОЦЕНКА ДООЕЛ Охрид бр. 01-48/8 од 21.01.2020 година, објавува давање под закуп објекти- деловен простор во ЈП Градски Пазар Охрид на ул. Булевар Туристичка бр.79 Охрид, согласно табеларниот преглед:

 

Ред.бр Адреса на објектите КП или КО Површина Почетна цена на јавното наддавање во денари Банкарска гаранција од 2% изразена вредност во денари
1 Булевар Туристичка бр.79 Охрид

Деловен простор бр. 3

14766 30м2 13.989,00 55.940,00
2 Булевар Туристичка бр.79 Охрид

Деловен простор бр. 4

14766 30м2 14.761,08 59.028,00

 

Објавата е делива, ќе се наддава од цените впишани од табеларниот преглед.

 

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање се објекти-деловен простор, прикажани во табеларниот преглед, и се издаваат во закуп за времетрање од две години од денот на потпишувањето на договорот во закуп со најповолниот понудувач.

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни физички и правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО НАДДАВАЊЕ

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид, и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата . Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетни согласно огласот. На подносителите на пријавите кои се комплетни, комисијата  во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им се доставува корисничко име и лозинка за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комлентна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

Документи потребни за пријава за јавно електронско наддавање се следните:

  • Потврда дека немаат заостанат долг кон претпријатието
  • Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата.
  • Потврда дека за фирмата не е поведена постапка за стечај или ликвидација
  • Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното надавање.
  • Доказ за идентитет (лична карта)
  • Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија за правни лица.
  • Е-маил адреса на поднесувачот на пријавата, преку која што ќе се врши постапката на регистрирање за учество во јавното електронско наддавање на која што ќе им биде испратено корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која ќе се одвива електронското јавно наддавње.

Пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази, нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат. Објавата трае десет (10) дена почнувајќи од 29.07.2021 до 07.08.2021 година. Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата  www.eaukcijaohrid.mk . Јавното електронско наддавање ќе започне на ден   10.08.2021    со почеток во:

За деловен простор бр. 3 од табеларниот преглед од 08.00  до 08.30 часот

За деловен простор бр. 4 од табеларниот преглед од  09.00 до 09.30 часот.

 

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетната цена на месечните закупнини се цени од објавата дадена во табеларниот преглед.

 

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на првата месечна закупнина постигната на јавното наддавање.

 

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до  07.08.2021   до 12   часот.

 

ПОСТАПКА

Јавното електронскот наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена за месечната закупнина на објектите-деловните простории кој и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по објавата се пријавил само еден учесник кој што ги исполнува условите од објавата и ја наддаде почетната цена.

Доколку во истекот на последните две минути од определеното време на траење на јавното електронско наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, тогаш крајниот рок за завршување на јавното електронско наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за време од следните две минути нема да биде дадена нова понуда.

Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временскиот интервал од две минути нема да биде дадена нова понуда.

За најповолен понудувач се смета учесникот во јавното надавање кој што понудил последна цена за закупнината која што преставува највисока цена за закупот.

По завршувањето на јавното наддавање Комисијата изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на електронското јавно наддавање.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на постапката на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата  на жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, подруж. Охрид, во согласност со постигнатата крајна цена за месечна закупнина, а доколку не ги уплати во овој рок, нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во рок од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните ствари.

Со најповолниот понудувач во рок од пет работни дена по извршената уплата на месечната закупнина се склучува договор во закуп за објектот-деловниот простор.

Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение во рок од 5(пет) дена од приемот на приговорот.

 

ПРАВНА ПОУКА

Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид.

Детални информации врзани за објавата можат да се добијат во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид и на телефон: 046/266-600

 

 ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

Комисија за спроведување на постапка

за закуп на недвижни ствари  со електронско јавно наддавање

 

                                                                                                   ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

                                                                                                    Директор

                                                                                                  Кристина Крлеска Деспотоска

 

Превземи ОГЛАС бр. 08/2021 За давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП Градски Пазар Охрид

ОГЛАС – Локации за поставување урбана опрема за продажба на сувенири

О Г Л А С  Бр. 01/2019

За прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за            поставување на урбана опрема за продажба на сувенири

ЈП Градски Пазар Охрид  издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење.

ОГЛАС за изнајмување на тезги за Новогодишните и Божиќните празници

По повод Новогодишните и Божиќните празници, ЈП Градски Пазар Охрид издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни украси на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот Чинар).