ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ | ДЕЈНОСТ | ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ | ФОТО ГАЛЕРИЈА | МАПИ НА ПАЗАРИ
Внатрешната организација на процесот на работа на претпријатието е уредена со Правилникот за организација и систематизација на Јавното Претпријатие, донесен од страна на Управниот Одбор на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид.
Јавното претпријатие процесот на работа го организира на начин на кој се обезбедува:
- Техничко-технолошко и економско единство на системот;
- Ефикасност и транспарентност на работењето;
- Развој и усогласеност на сопствениот развој и вкупниот развој на општината;
- Заштита и унапредувања на добрата од општ интерес;
- Точно уредно и квалитетно задоволување на потребите на корисниците на производи и услуги;
Согласно Статутот на Jавното претпријатие и актот за организација и систематизација, Jавното претпријатие дејностите од својот делокруг ги врши во сектори и одделенија и тоа:
– СЕКТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ И ОПШТИ АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ И ФИНАНСИИ
– Одделение за човечки ресурси, општи и административни работи;
– Одделение за финансии и јавни набавки.
– СЕКТОР ЗА ПАЗАРИ, ПЛАНИРАЊЕ, КВАЛИТЕТ, ИТ И РАЗВОЈ
– Одделение за планирање и квалитет, ИТ и развој;
– Одделение Пазари и одржување.
Сл.1 Органограм на организација во ЈП Градски пазар Охрид