ОГЛАС ЗА ОБЈАВА

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОЕДНОСТАВЕНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА ЗА НАБАВКА НА Челични профили

Договорниот орган е ЈП Градски Пазар Охрид, адреса Булевар Туристичка бр. 79 Охрид, лице за контакт тел. 046/260 600, електронска адреса jpgradskipazar@yahoo.com, има потреба од набавка од Набавка на Челични профили

Предмет на набавка се Набавка на челични профили.

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКА на Челични профили (превземете овде)

ОГЛАСОТ ПО ЈАВНАТА НАБАВКА (превземете овде)

OГЛАС за издава под закуп продажни места

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар, мал плац, тезги за продажба на бижутерија и штандови за текстил.
Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:
-Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчи и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен потпис, со прецизиран бр.на тезга за која се заинтересирани.
-Правните лица потребно е да достават Решение од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со потпис и печат, со прецизиран бр.на тезга за кој се заинтересирани.
-Копија од Лична карта на подносителот на Барањето.
НАПОМЕНА:
Како еден од клучните критериумите за разгледување на барањето е да нема долг кон Претпријатието да има комплетна документација, и редовно да ги сервисирал обврските кон ЈП Градски Пазар Охрид.
Продажните места (Тезги) од бр. 1 до бр. 4 и од бр.13 до бр.16 задолжително се издаваат заедно со мал плац во близина на тезгата.

Огласот се однесува за периодот од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година.
Огласот за пријавување трае од 15.01.2021 – 22.01.2021 година.

Непотполни,ненавремени и неисправни Барања, нема да биде предмет на разгледување.
Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид или на тел.046/266-600.
Пополнетите Барања да се достават во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид

Оглас PDF

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА ОТВОРЕНО ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ

ЈП Градски Пазар Охрид објавува ЈАВЕН ПОВИК за изнајмување урбана опрема – 10 типизирани дрвени куќарки за потребите на Новогодишниот базар, кои ќе бидат поставени во централното градско подрачје, на Градскиот Плоштад.
Имајќи ја предвид актуелната ситуација со економската криза која ја предизвика светската пандемија со Ковид-19, Општина Охрид донесе Одлука, куќарките да бидат изнајмени промотивно и без закуп, по принципот ,,Прв дојден – прв услужен,,а исто така едно лице може да поднесе Барање за закуп за само една типизирана дрвена куќичка.
Сите лица кои се заинтересирани за изнајмување продажно место треба да ги достават потребните документи до Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид – со назнака ,,За продажно место – типизирани дрвени тезги,, каде барањето ќе биде заверено со датум, час и потпис, а ќе го имаат на увид и шематскиот распоред на продажните места.
Потребни документи за физички лица: Потврда од комора за регистрирани занаетчии, Барање со личен потпис на барателот и со прецизиран број на типизирана тезга за која е лицето заинтересирано.
Потребни документи за правни лица: Решение од Центарлен регистар не постаро од 6 (шест) месеци, Барање со потпис и печат на барателот, со прецизиран број на типизирана тезга за која се заинтересирани, Копија од лична карта на подносителот на барањето.
Исто така важно е да се напомене дека при склучување на договорот , заинтересираните не треба да имаат никаков долг кон Општина Охрид по основ издавање на урбана опрема, ниту кон ЈП Градски Пазар Охрид.
Јавниот повик ќе трае се додека не се распределат сите дрвени тезги – куќарки.

ОГЛАС за издавање под закуп на тезги за продажба на сувенири

По повод Новогодишните и Божиќните празници, ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни украси на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот Чинар)
Лицата заинтересеирани за изнајмување на тезги да се пријават најдоццна до 02.12.2020 година во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид
Дополнителни информации можат да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД на Булевар Туристичка бб или на телефон 046/266-600

ОГЛАС – PDF

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ ЗА НАБАВКА НА Градежни материјали

Договорниот орган е ЈП Градски Пазар Охрид, адреса Булевар Туристичка бр. 79 Охрид, лице за контакт тел. 046/260 600, електронска адреса jpgradskipazar@yahoo.com има потреба од набавка на Градежни материјали

Предмет на набавка е Градежни материјали.
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
Предметот на набавката е делив.
Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од една година.

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ ЗА НАБАВКА НА Градежни материјали (Превземи)
ОГЛАСОТ ПО ЈАВНАТА НАБАВКА (Превземи)

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ ЗА НАБАВКА НА Погонско гориво

Договорниот орган е ЈП Градски Пазар Охрид, адреса Булевар Туристичка бр. 79 Охрид, лице за контакт тел. 046/260 600, електронска адреса jpgradskipazar@yahoo.com, има потреба од набавка на Погонско гориво

Предмет на набавка е Погонско гориво.
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
Предметот на набавката не е делив.
Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од една година.

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ ЗА НАБАВКА НА Погонско гориво (Превземи)
ОГЛАСОТ ПО ЈАВНАТА НАБАВКА (Превземи)

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ ЗА НАБАВКА НА Средства за хигиена и репрезентација

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ ЗА НАБАВКА НА Средства за хигиена и репрезентација
Договорниот орган е ЈП Градски Пазар Охрид, адреса Булевар Туристичка бр. 79 Охрид, лице за контакт тел. 046/260 600, електронска адреса jpgradskipazar@yahoo.com.
Предмет на набавка е Средства за хигиена и репрезентација.
Детален опис на предметот на набавка е даден во техничките спецификации.
Предметот на набавката е делив.
Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од една година.

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ ЗА НАБАВКА НА Средства за хигиена и репрезентација (Превземи)
Оглас по ЈАВНАТА НАБАВКА (Превземи)

ОГЛАС За издавање на деловни простории

Врз основа на Одлука на Управниот одбор на ЈП градски Пазар Охрид бр. 02-418 од 07.08.2020 година , ЈП Градски Пазар охрид објавува Оглас за издавање на следните деловни простории:1.Деловен простор бр. 3 на КП бр.14766 , место пазариште, со површина од 30м2, проценета вредност (денари/евра) 2.797.799.70/45.45.492,68 и почетна минимална месечна наемнина (денари) 13.989.00 денари
2. Деловен простор бр. 4 на КП бр.14766 , место пазариште со површина од 30м2, проценета вредност (денари/евра) 2.952.216.23/48.003,52 и почетна минимална месечна наемнина (денари) 14.761,08 денари
Право на учество имаат сите правни лица, кои своите понуди треба да ги достават во затворен плик во архивата на ЈП Градски Пазар –Охрид, до 26.08.2020 година до 13 часот.
Правните лица во затворен плик треба да достават:
-Понуда за изнајмување на деловен простор со реден број, заверена со потпис и печат од понудувачот;
-Потврда од Централен регистар за обавување на дејност и тековна состојба (не постара од 6 месеци)

Критериуми за издавање на деловен простор се:
1.Највисока понудена цена од почетната минимална наемнина
2.Доколку има исти понуди за еден ист деловен објект право на предност ќе има стариот закупец, под услов да нема долг кон претпријатието
3. Изборот за најповолни понуди ќе го врши формирана Комисија која ќе постапува и одлучува согласно условите и критериумите кои ги исполнува барателот за закуп.

Превземи

Тендер за набавка Електрични алати, ситен алат и потрошен материјал

ОГЛАС ЗА БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

Предмет на договорот за јавна набавка:
Електрични алати, ситен алат и потрошен материјал
Барање за прибирање понуди – (преземи PDF)

ТЕНДЕР ЗА ТЕЛЕФОНСКИ И ИНТЕРНЕТ УСЛУГИ

ОГЛАС ЗА БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

Предмет на договорот за јавна набавка:
Телефонски и интернет услуги