АКТУЕЛНО

ОГЛАС бр. 6/2023 ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА СУВЕНИРИ

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:

1. Урбана oпpeмa за продажба на сувенири – 10 локации

Стар град – Варош
Локациите за продажба на сувенири се наоѓаат:
• на патеката од Самоилова Тврдина кон Плаошник- вкупно 5 локации – 1, 2, 3,4 и 5
• пред влезот во “Плаошник” – вкупно 4 локации – 6, 7, 8 и 9
• пред влезот на “Анфитеатар”- вкупно 1 локации – 10
ОГЛАС ТУКА….

ОГЛАС бр. 5/2023 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР И ПРОДАЖЕН ПУНКТ – ТИПИЗИРАНА КУЌАРКА ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ

ОГЛАС бр. 5/2023

ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА  КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР И ПРОДАЖЕН ПУНКТ – ТИПИЗИРАНА КУЌАРКА  ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење, сместен во соодветен продажен пункт. Просторот за поставување на урбаната опрема се издава за следната намена…..

Оглас тука…

Поништување на Оглас 4/2023

ПОНИШТЕН ОГЛАСОТ БР. 4/2023 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

ЈП Градски Пазар Охрид ги известува граѓаните дека ОГЛАСОТ БР. 4/2023 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА, објавен на 11.04.2023 година СЕ ПОНИШТУВА согласно заклучокот и одлуката на УО на ЈП Градски пазар Охрид.

Граѓаните кои поднеле пријави ќе бидат телефонски известени за периодот кога ќе  може да ги подигнат документите со  кои аплицирале.

 

                                                                                                                 ЈП Градски Пазар Охрид

                                                                                                                          В.Д     Директор

                                                                                                                      Александар Попоски

ОГЛАС бр. 4/2023 ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ

Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 год. бр. 08-17370/41 од 22.12.2022 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр.14/2022), Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 17370/42 од 22.12.2022 година ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:

ОГЛАС бр. 4/2023

ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА  ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:

  1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенири

Кеј Македонија

Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени на шематскиот приказ во прилог.

Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 15.05.2023 до 15.09.2023 година.

  1. Почетна цена за издавање на урбана опрема е:
  • урбана опрема  2.2 м²  за продажбата на храна и сувенири со почетна цена од 5.000.оо (пет  илјади) денари вкупно 5
  • урбана опрема  4 м²  за продажбата на храна и сувенири со почетна цена од 8.000.00 (осум илјади денари) вкупно 15

ОГЛАС бр. 4/2023 тука…

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД ОГЛАС бр. 03/2023 За давање под закуп објекти (деловен простор)

Комисијата за спроведување на постапка за издавање на деловен простор под наем бр. 03-200/1 од 10.04.2023 врз основа на член 40 став 2 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, Одлука за отстапување на правото на користење и управување со недвижности од ЈП Охридски Комуналец Охрид на ЈП Градски Пазар Охрид бр. 02-32/4 од 10.01.2011 година, потврдена со Одлука на Совет на општина Охрид бр. 07-18/4 од 28.01.2011 година на закупувачот и согласно Проценката на Недвижен имот од овластениот проценител ПРОЦЕНКА ДООЕЛ Охрид бр. 01-231/2 од 11.04.2022, бр. 01-231/10 од 11.04.2022 објавува давање под закуп објекти – деловен простор во ЈП Градски Пазар Охрид на ул. Булевар Туристичка бр.79 Охрид,

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД ОГЛАС бр. 03/2023 За давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП Градски Пазар Охрид тука…

ОГЛАС бр. 2/2023 УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ

ОГЛАС бр. 2/2023

ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА  ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:

  1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенири

Плоштад св. Климент Охридски

Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени на шематскиот приказ во прилог.

Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 10.04.2023 до 10.05.2023 година.

  1. Почетна цена за издавање на урбана опрема е:

 

  • урбана опрема  4 м²  за продажбата на храна и сувенири со почетна цена од 8.000.00 (осум илјади денари) вкупно 6

 

2.1 Почетните цени за издавање на урбана опрема се однесуваат за дадениот период

 

2.2 Во почетната цена за издавање на урбана опрема, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.

 

  • Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати во рок од 3 работни дена од склучување на договорот за закуп. Во спротивно договорот ќе биде ништовен и право на закуп на урбана опрема ќе има наредно рангираниот учесник на јавниот повик.
  • Редовно да ја одржува урбаната опрема која ја закупил и по завршувањето на договорот за закуп истата да ја предаде на закуподавачот во состојба каква што ја презел од него.
  • Да овозможи непречен увид на урбаната опрема од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото.
  • Должни се да обезбедат времено броило (приклучок) за струја, со што потрошувачката на потрошена електрична енергија паѓа на товар на закупецот.
  • Паушалот за надомест на вода, редовно да го сервисираат кон ЈП Водовод Охрид.
  • Комуналните услуги, како и трошоците за отпадни води, редовно да ги сервисираат кон ЈП Охридски Комуналец Охрид и ЈП Нискоградба.
  • Да ги почитува сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно ќе следи еднострано раскинување на договорот.

 

2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

  • Трошокот за комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности за м2 дневно.
  • Договорот со најповолните понудувачи за точка 1 ќe се склучуваат за дадениот период.

 

  1. 3. Доставување на пријави

3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:

  • Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
  • Физичко лице кое е жител на општина Охрид
  • Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
  • На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.

 

Право на учество на јавниот повик немаат:

  • Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.

3.2 Понудувачот треба да достави:

 

  • Пријава на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/

 

За правни субјекти

 

  • Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),
  • Потврда дeлa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса( за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нселени мста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид и УЈП);
  • Фотокопија од лична карта на управителот

 

За физички лица

  • Фотокопија од лична карта
  • Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

 

 

  1. Начин на доставување на пријавата

 

Пријавата треба да се достави во затворен плик со назнака:

 

„НЕ OTBOPAJ“

ЈП Градски Пазар Охрид

Комисија за спроведување на оглас за прибирање пријави за издавање на урбана опрема бр. 2/2023

Локација на урбана опрема бр.                                                                   

 (се внесува бројот на урбана опрема за кoj пoнyдyвaчот учествува,  

 НА ПРИМЕР I — локација на урбана опрема бр. 5)

 „Булевар Туристичка“ 6p.79  Охрид

 

НAПOMEНA:

Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.

Пример за адресирање на плик за достава на пријава:

 

 

“НE OTBOPAJ“

„Да не се отвора пред 31.03.2023

Оглас бp. 2/2023

ЈП Градски Пазар Охрид

Комисија за спроведување на оглас за прибирање на пријави за издавање на

урбана опрема бр. 2/2023

 

Локација на урбана опрема бр.                

(бројот на урбана опрема за кој понудувачот учествува) “Булевар Туристичка “ бр. 79 Охрид

 

 

Пријавата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид.

 

ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на пријава, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

 

  1. Начин на отворање

 

Пријавите да се достават најдоцна до 28.03.2023 год. во 12.00 часот.

 

 

  • Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди
  • Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање  или
  • Јавното надавање ќe се одржи во просториите на Јавното пратпријатие Градски пазар Охрид.
  • Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените пријави
  • За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на  понудувачот.
  • За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.
  • За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на   понудувачот и веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид.
  • За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.

 

 

  1. Предмет на јавно наддавање

 

  • Предмет на јавното наддавање е конечната цена  за дадениот период од 10.04.2023 до 10.05.2023

 

  1. 7. Склучување на договор

 

Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.

 

Договорот ќе се склучи во рок од три работни дена од денот на приемот на Известувањето  за избор на најповолен понудувач.

 

Пред склучувањето на Договорот, понудувачот е должен во целост да ги подмири сите трошоци кои произлегуваат од постапката, вклучувајќи ја и комуналната такса.

 

По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои произлегуваат од истиот, уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец”

 

Доколку понудувачот кој се пријавил на јавното наддавање, не склучи  договор  во  цитираниот  рок,  договорниот  орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.

 

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар  Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

 

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

                                                                                                   В.Д  Директор

                                                                                             Александар Попоски

 

 Графички приказ

Образец на пријава

Поставување урбана опрема за продажба на храна и  сувенири за период од 10.04.2023 год. до 10.05.2023 год.

 

ВРЗ ОСНОВА НА ОБЈАВЕНИОТ ОГЛАС БР. 2/2023 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ДОСТАВУВАМ

ПРИЈАВА    

 

  1. ОПШТ ДЕЛ

Име на понудувачот:                                                                                                      

(назив на правно лице според тековна состојба или име,татково име и презиме за физичко лице)

Контакт информации

Седиште/адреса:                                                             

Телефон:                                                                     

моб.телефон:                                                            

факс:                                                                               

Е-пошта:                                                                              

Лице за контакт:                                                                                                                                  

Одговорно лице (управител) :                                                                                                          

Даночен број :                                                                                      ЕМБС                                                    

ЕМБГ:                                                                                  (за физичко лице)

 

Во прилог на понудата доставувам:

  1. За правни субјекти
    • Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – (не постари од 6 месеци)
    • Потврда дека нема заостанати обврски кон општината
    • Фотокопија од лична карта од управителот
  2. За физички лица
    • Фотокопија од лична карта
    • Потврда дека нема заостанати обврски кон општината

 

 

 

 

 

Датум                                                                                              Подносител на понудата

 

_______________________                                      _________________________________

Oglas 2 2023 Kukjarki plostad

 ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп тезги за 8 ми март

ОГЛАС бр.02/2023

По повод празникот 8-ми Март, ЈП Градски Пазар Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот чинар).
Дополнителни информации можат да се добијат во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид на Бул. Туристичка бр.79.
Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид.
Огласот трае до 02.03.2023 година.

Соопштение ЈП издава локации за поставување на Кафеавтомати

Почитувани

ЈП Градски пазар Охрид издава локации за поставување на Кафеавтомати (кафемати) на повеќе локации во Општина Охрид. За дополнителни информации можете да се обратите во просториите на ЈП Градски пазар Охрид секој работен ден од 08 до 15 часот.

 

ЈП Градски Пазар Охрид

 

Јавен оглас бр.01/2022 За пополнување на работно место помошно технички персонал

Предмет објавување на оглас бр.01/2022 за пополнување на работни места на помошно техннички персонал во по пат на вработување

             Врз основа на член 14 ств.1, член 22 став.1 точка 1 и 2 и член 23 од Законот за работни односи(сл.весник на РСМ бр.167/2015 и 27/2016) и член 3 став 4 од Законот за вработени во јавен сектор(сл.весник на РСМ бр.27/2014,199/2014,27/2016, 35/2018 и 198/18) Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид распришува:

 

Јавен оглас бр.01/2022

За пополнување на работно место помошно технички персонал

 

            ЈП Градски Пазар Охрид распишува оглас за пополнување на работно место  пошно технички персонал по пат на вработување и тоа:

  1. 1(еден) извршител на работно место Курир на работно место КДР0405А02003 со најмалку ниво на квалификации средно образование.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

-да е државјанин на РСМ

-активно да го користи македонскиот јазик

-да е полнолетен

-да има општа здравствена способност за работнот место

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работно место во оригинал или копија заверена на нотар:

-Уверение за државјанство

-Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност

-Диплома за завршено соодветност образование

-Потврда за работно искуство доколку се бара

-Подигнување на пријава во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид

Постапка за селекција за вработување на помошно технички персонал  во јавнотот претпријатие, се состои од проверка на внесените  податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас и проверка на приложените докази.

Огласот трае 3(три) работни дена сметано од денот на објавувањето на Огласот во дневниот печат и тоа во два дневни весници од кои еден од весниците што се издават на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.

Избор на кандидатите кои ќе заосноваат работен однос ќе се изврши во рок од 8 дена по истекот на рокот за пријавување на огласот.

Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават на адреса:

ЈП Градски Пазар Охрид, Бул. Туристичка бр.79, Охрид, лично или преку пошта.

Ненавремени  некомплетно пополнето пријави и документи немаат да се разгледуваат.

ЈП Градски Пазар Охрид

В.Д. Директор

Александар Попоски

 

Јавен оглас тука…

 ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга

О Г Л А С

 ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар.

Огласот можете да го преземете овде…