ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација и урбана опрема за комерцијално користење

Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2024 год. бр. 08 – 2953/3год. од 14.03.2024 год („Сл.гласник на општина Охрид бр.3/2024), Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 4478/11 од 16.04.2024 година, Извод бр.19-5505/2 од 16.05.2024г. и Извод бр.19-5980/2 од 22.05.2024г. од Општина Охрид и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар бр.02-323/4 од 19.07.2024 год. ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:

ОГЛАС бр. 10/2024
ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР И ПРОДАЖЕН ПУНКТ-ТИПИЗИРАНА КУЌАРКА И СТАНИЦИ ЗА ПОДВИЖНА УРБАНА ОПРЕМА

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација и урбана опрема за комерцијално користење, сместен во соодветен продажен пункт и станици за подвижна урбана опрема. Просторот и урбаната опрема се издава за следната намена:

1. Простор и урбана oпpeмa – продажен пункт со намена продажба на храна и сувенири и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна.

Локација: Кеј Македонија

Графички прикази со нумерички ознаки на урбана опрема дадени во шематските прикази во прилог, составен дел на овој оглас. Во графичките прикази е опишана дејноста на секоја локација поединечно.
Оглас тука…