О Г Л А С за издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар.
О Г Л А С
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар.
Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:
Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчи и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен потпис, со прецизиран бр.на тезга за која се заинтересирани.
Правните лица потребно е да достават Решение од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со потпис и печат, со прецизиран бр.на тезга за кој се заинтересирани.
Копија од Лична карта на подносителот на Барањето.
При поднесувањето на Барање заинтересираните ќе ги имаат на увид Шематскиот распоред на продажните места како и Одлуката за цени и критериуми за распределба на тезги.
Комплетната документација да се достави во затворен плик до Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид со назнака “За Оглас-продажно место – Тезга”, каде ќе биде заверено со датум,час и потпис,а на барателот ќе му биде издаден приемен лист со исти податоци.
Како еден од клучните критериумите за разгледување на барањето е да нема долг кон Претпријатието и да има комплетна документација.
Продажните места (Тезги) од бр. 1 до бр. 4 и од бр.13 до бр.16 задолжително се издаваат заедно со мал плац во близина на тезгата.
Огласот се однесува за периодот од 01.01.2022 година до 31.12.2022 година.
Огласот за пријавување трае од 20.12.2021 – 31.12.2021 година.
Непотполни,ненавремени и неисправни Барања, нема да биде предмет на разгледување.
Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид или на тел.046/266-600.
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид