ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА

ОГЛАС За продажба на расходовани метални тезги

ЈП Градски Пазар Охрид, врши продажба на расходовани метални тезги, поставени на отворениот Зелен Пазар на Бул. Туристичка бр. 79.
По Одлука на Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид бр. 02-117/7 од 14.02.2020 година, ЈП Градски Пазар ќе врши оттуѓување на расходовани метални тезги и тоа:

-Комплетни метални тезги за расходовање по цена од 2.000,00 денари/парче
-некомплетни метални тезги за расходовање по цена од 10,00 денари /кг

Продажбата ќе се врши од 02.03.2020 до 06.03.2020 година , во стариот отворен Зелен Пазар од 08.00 до – 14.00 часот

Превземи оглас

О Г Л А С за издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар.

Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:
* Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчи и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен потпис, со прецизиран бр.на тезга за која се заинтересирани.
* Правните лица потребно е да достават Решение од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со потпис и печат, со прецизиран бр.на тезга за кој се заинтересирани.
* Копија од Лична карта на подносителот на Барањето.

При поднесувањето на Барање заинтересираните ќе ги имаат на увид Шематскиот распоред на продажните места како и Одлуката за цени и критериуми за распределба на тезги.
Комплетната документација да се достави во затворен плик до Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид со назнака “За Оглас-продажно место – Тезга”, каде ќе биде заверено со датум,час и потпис,а на барателот ќе му биде издаден приемен лист со исти податоци.
Како еден од клучните критериумите за разгледување на барањето е да нема долг кон Претпријатието и да има комплетна документација.
Продажните места (Тезги) од бр. 1 до бр. 4 и од бр.13 до бр.16 задолжително се издаваат заедно со мал плац во близина на тезгата.

Огласот се однесува за периодот од 01.01.2020 година до 31.12.2020 година.
Огласот за пријавување трае од 27.12.2019 – 31.12.2019 година.

Непотполни,ненавремени и неисправни Барања, нема да биде предмет на разгледување.

Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид или на тел.046/266-600.

НАПОМЕНА:
На ден 28.12.2019год.(Сабота) за ЈП Градски Пазар ќе може да се доставуваат на Барањата.

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид

О Г Л А С за издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар
– КРИТЕРИУМИ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА ПРОДАЖНО МЕСТО (ТЕЗГИ) НА ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-ОХРИД
– КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ТЕЗГИ
– Ценовник за користење на продажните места во ЈП Градски Пазар Охрид

Соопштение – издавање под закуп тезги за продажба на Новогодишни украси на полоштадот Крушевска Република

По повод Новогодишните и Божиќните празници, ЈПГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни украси на полоштадот Крушевска Република (кај Стариот Чинар)
Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават најдоцна до 29.11.2019 година во административните простории на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД.
Дополнителни информации можат да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД на Бул. Туристичка бб или на тел. 046/266-600.

СООПШТЕНИЕ – PDF

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД
ДИРЕКТОР
Кристина Крлеска Деспотоска

ОГЛАС За продажба на расходовани основни средства на ЈП Градски Пазар Охрид

ОГЛАС

За продажба на расходовани основни средства на ЈП Градски Пазар Охрид.

Врз основа на член 3 од Одлуката за расходовање  и продажба на основни средства  бр. 02-430/4 од 12.10.2018 год., донесена од страна на Управниот одбор на ЈП Градски Пазар Охрид, комисијата за продажба на расходованите основни средства, формирана со решение бр. 03-454/1 од 24.10.2018 год., објавува оглас за продажба на следните основни средства:

ОГЛАС За продажба на расходовани основни средства на ЈП Градски Пазар Охрид

ОГЛАС

За продажба на расходовани основни средства на ЈП Градски Пазар Охрид.

Врз основа на член 3 од Одлуката за расходовање  и продажба на основни средства  бр. 02-430/4 од 12.10.2018 год., донесена од страна на Управниот одбор на ЈП Градски Пазар Охрид, комисијата за продажба на расходованите основни средства, формирана со решение бр. 03-454/1 од 24.10.2018 год., објавува оглас за продажба на следните основни средства: