Некатегоризирано

ОГЛАС бр. 20/2023 За давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП Градски Пазар Охрид за период од две години

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД
ОГЛАС бр. 20/2023
За давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП Градски Пазар Охрид за период од две години

Комисијата за спроведување на постапка за издавање на деловен простор под наем бр. 03-510/1 од 02.10.2023 врз основа на член 40 став 2 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост ….
Оглас тука….

Oглас бр. 11/2023 за прибирање на пријави за користење на простор и продажен пункт – типизирана куќарка за продажба на храна и сувенири

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација и урбана опрема за комерцијално користење, сместен во соодветен продажен пункт. Просторот и урбаната опрема се издава за следната намена:

1. Простор и урбана oпpeмa – продажен пункт со намена продажба на храна и сувенири

Локација: Кеј Македонија

Оглас тука …

ОГЛАС бр. 10/2023 ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ЈАВНИ МАНИФЕСТАЦИИ И КУЛТУРНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ

ОГЛАС бр. 10/2023
ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ЈАВНИ МАНИФЕСТАЦИИ И КУЛТУРНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ
ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за комерцијално користење:

1. Простор – локација

Плато помеѓу ТЦ Амам и Летница

Графички приказ со нумеричка ознака е дадена на шематскиот приказ во прилог.

2. Цена за издавање на локација за користење на површини за јавни манифестации и културни презентации е:
• 100 денари по м2 дневно за површина до 5 м2
• 75 денари по м2 дневно за површина до 100 м2
• 50 денари по м2 дневно за површина над 100 м2

Симнете го огласот тука…

Известување во Врска со Оглас 05 2023

Известување во врска со оглас 05 2023
Почитувани во Прилог следува Упатство за користење на интернет страната за аукции.
Со Ваше најавување на веб страната http://www.eaukcijaohrid.mk можете да проверите кога е закажана аукцијата во точно определен рок.
Симнете го Упатството тука…

ОГЛАС бр. 13/2022 ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПРОСТОР ЗА ПОСТАВУВАЊЕ МОБИЛНА ОПРЕМА ДО 2М²

Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2022 година бр. 08-13561/37 од 29.12.2021 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр.17/2021), Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2022 година во општина Охрид бр. 08-13561/38 од 29.12.2021 година и Одлука за донесување на Правилникот со кој се утврдени начинот и условите за изнајмување на локации за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Охрид бр. 08-4086/18 од 28.04.2021, ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:

ОГЛАС бр. 13/2022
ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПРОСТОР ЗА ПОСТАВУВАЊЕ МОБИЛНА ОПРЕМА ДО 2М²

ЈП Градски Пазар Охрид издава простор –локација поставување мобилна опрема до 2м² за намена продажба на пченки:

1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенири

Плоштад Крушевска Република-Вкупно локација 1,2,3
Кеј Македонија – Вкупно 3 локации, локација 4,5,6

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување на урбана опрема за 2022 година бр.19-328/2 од 17.05.2022.
Локациите за поставувње мобилна опрема ќе се издаваат за период на времетраење од 20.06.2022 до 20.09.2022 година.

2. Почетна цена за издавање на локациите на месечно ниво е:

• 2 м² за издавање локација -простор за поставување мобилна опрема со намена продажба на пченки со почетна цена од 5.000.00 (пет илјади денари) -вкупно 6

2.1 Почетните цени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.

2.2 Во почетната цена за издавање на локациите, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.

– Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати во рок од 5 работни дена од склучување на договорот за закуп.
– Редовно да ја одржува локацијата која ја закупил и по завршувањето на договорот за закуп истата да ја предаде на закуподавачот во состојба каква што ја презел од него.
– Да овозможи непречен увид на локацијата од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото.
– Да ги почитува сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно ќе следи еднострано раскинување на договорот.

2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на закупецот
• Трошокот за комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) изнесува 7,00 (седум денари) од м2 дневно.
• Договорот со најповолните понудувачи од електронското јавно наддавање за точка 1 ќe се склучуваат за дадениот период од 20.06.2022 до 20.09.2022 година.

3. Доставување на пријави
3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:
• Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
• Физичко лице кое е жител на општина Охрид
• Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
• На избраниот најповолен понудувач од електронското јавно наддавање му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.

Право на учество на јавниот оглас немаат:
• Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.
3.2 Понудувачот треба да достави:

• Пријава за електронско наддавање на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/
• Уплатница на име депозит за учество на износ од 1.500.00 (илјада и петстотини) денари
• Уплатата се врши на следната сметка: жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Филијла Охрид

За правни субјекти

• Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),
• Потврда дeкa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите населени мста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) изнесува 7,00 (седум денари) и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид и УЈП);
• Фотокопија од лична карта на управителот

За физички лица
• Фотокопија од лична карта
• Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локацијата; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);
Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација на јавното електронско наддавање ќe биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

Депозитот за учесниците не е повратен доколку после надавањето самоволно се откажале од потпишување на договор за изнајмување локација.

4. Начин на доставување на пријава

Пријавата треба да се достави со назнака:

ЈП Градски Пазар Охрид

Комисија за спроведување на оглас за прибирање пријави за издавање на локаицја бр. 13/2022
Локација бр.
(се внесува делот и бројот на локацијата за кoj пријавениот учествува,
НА ПРИМЕР I —локација бр. 5)
„Булевар Туристичка“ бp.79 Охрид

НAПOMEНA:
Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на пријавите.
Пријавата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид.

ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на пријавата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

5. Начин на отворање

Пријавите да се достават најдоцна до 17.06.2022 г. во 12.00 часот.

• Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените пријави
• Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното електронско наддавање
• За денот и часот на јавното електронско наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на пријавениот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.
• За избран ќе се смета пријавениот кој понудил највисока цена за урбана опрема на електронското јавно наддавање под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.

6. Предмет на јавно електронско наддавање

• Предмет на јавното електронско наддавање е месечната почетна цена, односно за период од 30 дена

7. Склучување на договор

Договор ќе се склучи со пријавениот кој понудил највисока цена на јавното електронско наддавање.

Договорот ќе се склучи во рок од три работни дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач.
По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои произлегуваат од истиот, уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението,пријава до УЈП со цел да се изготви задолжение кое произлегува од договорот, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец”, избраниот понудувач е должен да се придржува до одредбите на склучениот договор.

Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на електронското јавно наддавање, не склучи договор во цитираниот рок, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.

Доколку понудувачот кој доставил највисока понуда на јавното електронско наддавање, од било која причина се откаже од потпишување договор, депозитот за наддавањето се задржува од страна на Јавното претпријатие
При евентуална попреченост од било кои причини Општина Охрид и Јавното претпријатие Градски пазар Охрид има право да изврши промена на локацијата, а закупците се обврзуваат дека ќе ги прифатат промените. Доколку корисникот на услугата не ја прифати таквата промената состојба, ваквиот договор во рок од 8 дена се раскинува, двострано, без право на никаков надоместок од двете страни, доколку претходно корисникот на услугата го има подмирено целокупниот долг по основ на закупнина по договор.

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД
В.Д Директор
Александар Попоски

Образец за пријава
Поставување мобилна опрема до 2м²

ВРЗ ОСНОВА НА ОБЈАВЕНИОТ ОГЛАС БР. 13/2022 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА
ПРОСТОР ЗА ПОСТАВУВАЊЕ МОБИЛНА ОПРЕМА ДО 2 М² ДОСТАВУВАМ

ПРИЈАВА ЗА ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ

1. ОПШТ ДЕЛ
Име на поднесителот на пријавата: (назив на правно лице според тековна состојба или име, татково име и презиме за физичко лице)
Контакт информации
Седиште/адреса:
Телефон:
моб.телефон:
факс:
Е-пошта:
Лице за контакт:
Одговорно лице (управител) :
Даночен број : ЕМБС
ЕМБГ: (за физичко лице)

Во прилог на пријава доставувам:
1. За правни субјекти
– Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – (не постари од 6 месеци)
– Потврда дека нема заостанати обврски кон општината
– Фотокопија од лична карта од управителот
2. За физички лица
– Фотокопија од лична карта
– Потврда дека нема заостанати обврски кон општината

2. УРБАНА ОПРЕМА

Број на локација

Датум Подносител на пријавата

ПРЕВЗЕМИ ОГЛАС бр. 13/2022 ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПРОСТОР ЗА ПОСТАВУВАЊЕ МОБИЛНА ОПРЕМА ДО 2М²

ПЛАН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА ЗА 2021 ГОДИНА НА ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР “- ОХРИД

ПЛАН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА ЗА 2021 ГОДИНА НА ЈП „ГРАДСКИ ПАЗАР “ – ОХРИД

1. Институционална поставеност

Јавното Претпријатие ГРАДСКИ ПАЗАР – ОХРИД е основано со Одлука на Советот на Општина Охрид бр.07-2151/22 од 30.08.2010 година, со цел да овозможи квалитетно и организирано вршење на дејноста: управување со пазари на големо и мало на територијата на општина Охрид. По донесувањето на статутарниот акт и формирањето на органите на управување, односно по исполнувањето на законските предуслови, Јавното претпријатие Градски Пазар – Охрид, на ден 13.12.2010 год. се стекна со правен субјективитет откако се изврши упис во Централниот Регистар.
Основна дејност на јавното претпријатие е издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.
Јавното Претпријатие може да извршува и други дејности што не се опфатени во Националната Класификација, но придонесуваат за целосно искористување на капацитетите и материјалите што се употребуваат за вршење на запишаните дејности. ЈП Градски Пазар Охрид работите од својата надлежност ги извршува во согласност со Законот за Јавни Претпријатија, Законот за Трговија, Законот за трговски друштва, Законот за Комунални дејности и други подзаконски акти кои ја регулираат дејноста која ја врши Јавното Претпријатие. Со оглед на тоа што Претпријатието врши дејност од јавен интерес од комуналната сфера, го применува и работи во согласност со Законот за Комунални дејности. Како правен субјект кој управува со пазари на големо и мало, услугите во пазарот ги врши во согласност со одредбите на Законот за Трговија кои го регулираат организирањето на пазарите.
Органи на управување на претпријатието се: Управниот одбор, Директорот и Надзорниот одбор .
Управниот одбор брои 5 (пет) членови, кои ги именува и разрешува Советот на Општина Охрид, со мандат од 4 (четири) години. Управниот одбор:
– го донесува Статутот на претпријатието;
– ја усвојува Програмата за работа и развој на претпријатието;
– ја утврдува деловната политика и донесува годишна и инвестициона програма
– го донесува Финансискиот план на претпријатието;
– ги усвојува тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие;
– одлучува за употреба на средствата остварени со работењето на претпријатието и покривањето на загуби;
– донесува Одлуки за инвестиции;
– донесува и други општи акти;
– го донесува Правилникот за внатрешна организација на претпријатието;
– го утврдува текстот на Колективниот договор и го склучува;
– го донесува деловникот за работа на Управниот одбор;
– донесува одлука за утврдување на висината на бодот за пресметување на платите на вработените и друго.

Директорот на претпријатието го избира и разрешува Градоначалникот на Општина Охрид, во постапка со јавен конкурс, со мандат од 4 (четири) години. Директорот:

– го застапува и претставува претпријатието, склучува договори и презема други правни работи и дејствија во согласност со Закон;
– го обезбедува спроведувањето на одлуките и заклучоците на Управниот одбор;
– врши усогласување на деловната активност на претпријатието;
– ја предлага внатрешната организација на претпријатието преку предлог – правилник за внатрешна организација на претпријатието;
– предлага донесување Правилник за систематизација на работни места на претпријатието;
– поднесува тримесечен, шестмесечен извештај и годишна пресметка и извештај за работењето до Управниот одбор на претпријатието;
– донесува одлуки за откажување на договорот за вработување – отказ и за изрекување на парична казна, и изрекува други дисциплински мерки за кои е овластен согласно Законот за работни односи, Законот за Јавни претпријатија и Колективниот договор;
– предлага акти што ги донесува Управниот одбор и друго.

Надзорниот одбор брои 5 (пет) членови, кои ги именува и разрешува Советот на Општина Охрид со мандат од 4 (четири) години. Надзорниот одбор ги прегледува тримесечните, годишните сметки и извештаите за работењето на претпријатието и дава свое мислење до Управниот одбор.
Претпријатието соработува од секој аспект со Општината Охрид како негов основач, како во поглед на усвојувањето на Програмите за работа и годишните сметки и извештаи од работењето како законска обврска.
2. Организација и вработени
Внатрешната организација на процесот на работа на претпријатието е уредена со Правилникот за организација и систематизација на Јавното Претпријатие, донесен од страна на Управниот Одбор на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид.
Согласно Статутот на Jавното претпријатие и актот за организација и систематизација, Основните организациони облици во кои е организирано претпријатието се одделенијата:
1. Одделение за заеднички и општи работи
2. Одделение за работа на пазари
3. Одделение за стручни ( технички) работи и услуги
Бројот на вработени во ЈП Градски Пазар Охрид заклучно со 31.07.2021 година е 37 лица.
3. Мисија, визија и правна регулатива
Мисија
ЈП „Градски Пазар“ – Охрид е формирано во 2010 година, и извршува дејност од јавен интерес цел да овозможи квалитетно и организирано вршење на дејноста управување со пазари на големо и мало на територијата на општина Охрид.
Визија
Претпријатието има за цел и визија да се запази и продолжи, сто годишната традиција на постоење на пазарот на територијата на Охрид. Да се промовира продажбата на земјоделски, жиинарски и сточарски производи, каракеристични за ова поднебје. Промовирање на продажба на ракотворби кои се составен дел од од нашата богата традиција. Покрај тоа,а со со цел осовременување на овој тип на дејност се врши и издавање под закуп за продажба и на друг тип на производи, и со самото тоа се дава придонес за развој на економијата на територијата на Општина Охрид и областите кои гравитираат према Охрид.
Правна регулатива
За работењето на јавното претпријатие „Градски Пазар“ – Охрид од посебна важност се следните законски прописи и интерни акти:
1. Закон за јавните претпријатија
2. Закон за вработените во јавниот сектор
3. Закон за административни службеници
4. Закон за работни односи
5. Статут на ЈП „Градски Пазар“ – Охрид
6. Правилник за систематизација на работни места во ЈП „Градски Пазар“ – Охрид
7. Програма за работа на ЈП „Градски Пазар“ – Охрид

4. Цели
Плановите за борба против корупција опфаќаат различни аспекти, од дефинирање на корупцијата, до што секој вработен може да стори за да ги идентификува и управува етичките дилеми и ризикот од корупција. Овој антикорупциски план се фокусира на утврдување конкретни мерки и активности за контрола и превенција на појавата на корупција. Тоа претставува еден вид почетна анализа за ризични области за корупција во рамките на делокругот на работењето на ЈП „Градски Пазар“ – Охрид, односно се труди да ги идентификува причините, условите и факторите кои ја овозможуваат корупцијата но едновремено преку акцискиот план се дава пресек на конкретно планирани активности и начинот на нивна операционализација со цел соодветна превенција и одговор на поставените цели во овој документ. Имено, клучните проблеми и ризични фактори за појава на корупција и судир на интереси во јавното претпријатие се однесуваат на: – отсуството на систематизирани мерки за спречување на корупцијата; – отсуството на проценка на ризикот од појава на корупција во јавното претпријатие; – отсуството на цврсти гаранции за спроведување на процедурите за работа. Имајќи го предвид горенаведеното, овој Антикорупциски план има за цел да воспостави ефикасен систем на мерки и активности кои ќе овозможат превенција и борба со корупцијата како главен стратешки приоритет и да оствари неколку цели со кои значително ќе се намалат проблемите и ризичните фактори за појава на корупција: • зголемување на нивото на политичка одговорност и демонстрирана волја за борба против корупцијата; • јакнење на интегритетот и отчетноста на раководството и вработените во претпријатието, базирано на систем на вредности и критериуми за квалитет; • почитување на законските прописи, на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, како и на Кодексот за административни службеници; • спроведување на надлежностите на претпријатието на законски, транспарентен, етички, економичен, одговорен и ефективен начин; • проактивна транспарентност, зајакната контрола и надзор во јавните набавки и во склучувањето договори; • јакнење на алатките за отчетност и транспарентност во работењето; • подигнување на јавната свест и спроведување антикорупциска едукација за вработените и градење личен и професионален интегритет; • зајакнување на довербата на граѓаните во институциите и мотивирање да пријават корупција.

5. Анализа за ризични области за корупција во рамките на делокругот на работењето
Проблемите и мерките во Акцискиот план на ЈП „Градски Пазар“ – Охрид се систематизирани во следните области:
• Непристрасна, ефикасна, ефективна администрација, која е независна од политичко влијание е еден од клучните делови во борбата против корупцијата. Администрацијата мора да работи на принципите на етичност и интегритет, а нејзините механизми за санкционирање на неетичкото и коруптивно однесување мора да се направат пофункционални. Јавната перцепција за независна, ефикасна, непристрасна администрација и довербата во истата е важен предуслов за успешноста на антикорупциската политика и доброто владеење на правото во земјата. Од друга страна, департизирана администрација, заснована врз заслуги е браникот во борбата против корупцијата. При вработувањето во јавниот сектор треба да се почитуваат сите процедури, а во законската рамка да се вклучат што повеќе мерливи критериуми и да се избегне дискреционата моќ. Исто така, стручното усовршување и развојот на човечките ресурси во администрацијата претставува алатка за постигнување на професионално, компетентно и ефективно работење на службениците.
• Дигитализацијата на јавните услуги кои ги даваат институциите ја зголемува транспарентноста, ефективноста, ефикасноста, пристапноста, контролата и анализата на податоците кои се разменуваат меѓу институциите. Воведување на електронски систем за управување со документи како и воведување унифицирано канцелариско и архивско работење ќе овозможи оптимизација и дигитализација на работните процеси во претпријатието. Употребата на електронски систем за управување со документи во претпријатието и дигитализирани процеси, ќе водат кон комплетно дигитално работење и намалување на можностите за коруптивно однесување. Со самиот процес на дигитализација и доближување на услугите кон граѓаните, потребна е промоција на значењето на електронските документи, електронските потписи, печати и останати доверливи услуги кај граѓаните, но и кај администрацијата. Од една страна, административните службеници треба да се обучени за нивните обврски врзани со тоа како се препознава оригинален документ во електронска форма (што е полесно отколку во печатена форма), како да го проверат интегритетот на документот и неговото потекло (електронскиот потпис или печат), како и дека не смеат да одбијат правилно поднесен документ во електронска форма. Граѓаните пак треба да се обучат за нивните права во електронското работење и истите да си ги бараат. Придобивки од отворени податоци се транспарентност и доверба, јавно учество и соработка меѓу јавниот сектор и др. сектори, економски придобивки итн.
• Преку процесот на јавни набавки во јавниот сектор, властите на национално и на локално ниво се под ризик од коруптивни практики заради остварување финансиски добивки. Затоа, со цел да се заштити јавниот интерес, да се добие најдобрата вредност за јавните трошоци, да се обезбеди фер конкуренција во постапките и правичен третман на понудувачите, неопходно е да се постигне највисоко ниво на транспарентност на процесите, зајакнување на капацитетите со квалификувани и обучени кадри за спроведување на јавните набавки, засилување на контролата врз спроведувањето на јавните набавки; зголемување на ефикасноста во реализацијата на јавните набавки и зголемување на личниот интегритет на лицата вклучени во нивно спроведување. Административните антикорупциски практики можат да влијаат на ниво на тривијална, но не и на реалната корупција за која е потребна силна политичка волја и континуирана ревизија на работењето.
• Во ера на голема достапност до различни извори на информации, како и на лесно достапни можности за пласирање информации или дезинформации, голема е можноста граѓаните да се здобијат со погрешни сознанија во однос на работата на институциите, како и во однос на корупцијата и она што таа го претставува. Ова може да резултира со поткопување на довербата на граѓаните во институциите, како и со помала можност да се идентификуваат и пријавуваат потенцијалните коруптивни практики. Затоа, со цел да се зајакне довербата на граѓаните кон институциите ЈП „Градски Пазар“ – Охрид континуирано работи на обезбедување пристап и можност на целокупната јавност да има увид во неговото работење. Претпријатието се стреми за транспарентно и навремено објавување на информации за неговата работа преку користење релевантни канали за информирање. На овој начин, ЈП „Градски Пазар“ – Охрид придонесува во борбата против корупцијата и помага во напорите за зголемување на свесноста на јавноста за корупцијата, земајќи предвид дека свесноста на јавноста за негативните ефекти на корупцијата е основен дел на која било ефективна стратегија за превенција на корупцијата.

6. Улоги, одговорности, процес на следење и мониторинг
За ефективна и ефикасна борба со корупција, институциите треба да имаат и ефикасни и ефективни механизми за управување со процесот на следење и мониторинг на состојбата со корупцијата, како и за состојбите во однос на судир на интереси, интегритет и примање подароци, како аспекти кои се во директна врска со корупцијата. За таа цел, ЈП „Градски Пазар“ – Охрид има назначено лице одговорно за прашања од областа Интегритет, примање подароци и судир на интереси, чии податоци се јавно достапни на веб-страницата на претпријатието. Секој сектор кој е надлежен за одредена активност, доставува месечен извештај до лицето назначено за интегритет, примање подароци и судир на интереси, со цел да се има постојан увид и да се следи состојбата во министерството во однос на овие аспекти, односно Антикорупцискиот план. Преку овие механизми, меѓу другите, во ЈП „Градски Пазар“ – Охрид се обезбедува ефикасен и ефективен процес на следење и мониторинг, се овозможува навремена детекција на недостатоци, доколку ги има, а дополнително, се минимизира потенцијалот за појава на судир на интереси и за примање подароци и се обезбедува начин на работење во кое се отсликува интегритет и професионализам.

Охрид, Управен одбор
16.08.2021 год. Претседател
Миле Чавдаров
______________

Превземи план

ПРОЦЕДУРА За прием на пријави од укажувачи, издвојување и обработка на податоците од пријавите и обезбедување на заштита на личните податоци и други податоци на укажувачите