Јавен оглас бр.01/2022 За пополнување на работно место помошно технички персонал
Предмет објавување на оглас бр.01/2022 за пополнување на работни места на помошно техннички персонал во по пат на вработување
Врз основа на член 14 ств.1, член 22 став.1 точка 1 и 2 и член 23 од Законот за работни односи(сл.весник на РСМ бр.167/2015 и 27/2016) и член 3 став 4 од Законот за вработени во јавен сектор(сл.весник на РСМ бр.27/2014,199/2014,27/2016, 35/2018 и 198/18) Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид распришува:
Јавен оглас бр.01/2022
За пополнување на работно место помошно технички персонал
ЈП Градски Пазар Охрид распишува оглас за пополнување на работно место пошно технички персонал по пат на вработување и тоа:
- 1(еден) извршител на работно место Курир на работно место КДР0405А02003 со најмалку ниво на квалификации средно образование.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
-да е државјанин на РСМ
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здравствена способност за работнот место
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работно место во оригинал или копија заверена на нотар:
-Уверение за државјанство
-Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност
-Диплома за завршено соодветност образование
-Потврда за работно искуство доколку се бара
-Подигнување на пријава во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид
Постапка за селекција за вработување на помошно технички персонал во јавнотот претпријатие, се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас и проверка на приложените докази.
Огласот трае 3(три) работни дена сметано од денот на објавувањето на Огласот во дневниот печат и тоа во два дневни весници од кои еден од весниците што се издават на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.
Избор на кандидатите кои ќе заосноваат работен однос ќе се изврши во рок од 8 дена по истекот на рокот за пријавување на огласот.
Кандидатите пријавите со сите потребни документи да ги достават на адреса:
ЈП Градски Пазар Охрид, Бул. Туристичка бр.79, Охрид, лично или преку пошта.
Ненавремени некомплетно пополнето пријави и документи немаат да се разгледуваат.
ЈП Градски Пазар Охрид
В.Д. Директор
Александар Попоски