ОГЛАС бр. 09/2021 За давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП Градски Пазар Охрид со електронско наддавање за период од две години

 

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

ОГЛАС бр. 09/2021

За давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП Градски Пазар Охрид со електронско наддавање за период од две години

Комисијата за спроведување на постапка за издавање на деловен простор под наем бр. 03-459/1 од 16.08.2021 врз основа на член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост ( Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15,153/15, 190/16 и 21/18), Одлука за отстапување на правото на користење и управување со недвижности од ЈП Охридски Комуналец Охрид на ЈП Градски Пазар Охрид бр. 02-32/4 од 10.01.2011 година, потврдена со Одлука на Совет на општина Охрид бр. 07-18/4 од 28.01.2011 година на закупувачот и согласно Проценката на Недвижен имот од овластениот проценител ПРОЦЕНКА ДООЕЛ Охрид бр. 01-48/8 од 21.01.2020 година, објавува давање под закуп објекти- деловен простор во ЈП Градски Пазар Охрид на ул. Булевар Туристичка бр.79 Охрид, согласно табеларниот преглед:

 

Ред.бр Адреса на објектите КП или КО Површина Почетна цена на јавното наддавање во денари Банкарска гаранција од 2% изразена вредност во денари
1 Булевар Туристичка бр.79 Охрид

Деловен простор бр. 3

14766 30м2 13.989,00 55.940,00
2 Булевар Туристичка бр.79 Охрид

Деловен простор бр. 4

14766 30м2 14.761,08 59.028,00

 

Објавата е делива, ќе се наддава од цените впишани од табеларниот преглед.

 

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање се објекти-деловен простор, прикажани во табеларниот преглед, и се издаваат во закуп за времетрање од две години од денот на потпишувањето на договорот во закуп со најповолниот понудувач.

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни физички и правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО НАДДАВАЊЕ

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид, и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата . Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетни согласно огласот. На подносителите на пријавите кои се комплетни, комисијата  во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им се доставува корисничко име и лозинка за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комлентна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

Документи потребни за пријава за јавно електронско наддавање се следните:

  • Потврда дека немаат заостанат долг кон претпријатието
  • Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата.
  • Потврда дека за фирмата не е поведена постапка за стечај или ликвидација
  • Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното надавање.
  • Доказ за идентитет (лична карта)
  • Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија за правни лица.
  • Е-маил адреса на поднесувачот на пријавата, преку која што ќе се врши постапката на регистрирање за учество во јавното електронско наддавање на која што ќе им биде испратено корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која ќе се одвива електронското јавно наддавње.

Пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази, нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат. Објавата трае десет (10) дена почнувајќи од 16.08.2021 до 25.08.2021 година. Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата  www.eaukcijaohrid.mk . Јавното електронско наддавање ќе започне на ден   30.08.2021    со почеток во:

За деловен простор бр. 3 од табеларниот преглед од 08.00  до 08.30 часот

За деловен простор бр. 4 од табеларниот преглед од  09.00 до 09.30 часот.

 

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетната цена на месечните закупнини се цени од објавата дадена во табеларниот преглед.

 

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ

Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на првата месечна закупнина постигната на јавното наддавање.

 

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до  25.08.2021   до 12   часот.

 

ПОСТАПКА

Јавното електронскот наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена за месечната закупнина на објектите-деловните простории кој и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по објавата се пријавил само еден учесник кој што ги исполнува условите од објавата и ја наддаде почетната цена.

Доколку во истекот на последните две минути од определеното време на траење на јавното електронско наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, тогаш крајниот рок за завршување на јавното електронско наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за време од следните две минути нема да биде дадена нова понуда.

Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временскиот интервал од две минути нема да биде дадена нова понуда.

За најповолен понудувач се смета учесникот во јавното надавање кој што понудил последна цена за закупнината која што преставува највисока цена за закупот.

По завршувањето на јавното наддавање Комисијата изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на електронското јавно наддавање.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на постапката на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата  на жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, подруж. Охрид, во согласност со постигнатата крајна цена за месечна закупнина, а доколку не ги уплати во овој рок, нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во рок од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните ствари.

Со најповолниот понудувач во рок од пет работни дена по извршената уплата на месечната закупнина се склучува договор во закуп за објектот-деловниот простор.

Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение во рок од 5(пет) дена од приемот на приговорот.

 

ПРАВНА ПОУКА

Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид.

Детални информации врзани за објавата можат да се добијат во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид и на телефон: 046/266-600

 

 ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

 

Комисија за спроведување на постапка

за закуп на недвижни ствари  со електронско јавно наддавање

 

 

 

 

 

                                                                                                ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

                                                                                                    Директор

                                                                                                   Кристина Крлеска Деспотоска