ОГЛАС бр. 07/2021 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА и ИЗДАВАЊЕ НА ПРОСТОР ЗА ПОСТАВАЊЕ МОБИЛНА ОПРЕМА

Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 год. бр. 08-11545/41 од 29.12.2020 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр.16/2020), записникот бр. 19-2366/1 од 05.03.2021, Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во Општина Охрид бр. 08-4086/51 од 28.04.2021 година и Одлука за донесување на Правилникот со кој се утврдени начинот и условите за изнајмување на урбана опрема за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Охрид бр. 08-4086/18 од 28.04.2021, како и член 6 од Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП Градски Пазар, Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:

ОГЛАС бр. 07/2021
ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА и ИЗДАВАЊЕ НА ПРОСТОР ЗА ПОСТАВАЊЕ МОБИЛНА ОПРЕМА –ДО 2 м²

ЈП Градски Пазар Охрид издава урбана опрема за комерцијално користење за намена продажба на храна како и простор за поставување мобилна опрема до за продажба на семки и други производи до -2м2
I. Урбана oпpeмa за продажба на храна -__
 Kej Македонија-вкупно -1 (една) типизирана куќарка за продажба на храна локација бр.8 од- 4 м2

 Издавање на простор-локација за поставување мобилна oпpeма до 2 м² за намена: продажба на семки и други производи

o Kej Македонија -3 локации
o Горица III-1 локација

Поставувањето на урбана опрема и предвидените локации за поставување мобилна опрема се во соглсност со Одобрението за поставување урбана опрема издадено од Одделение за урбанизам .
Урбаната опрема и локациите ќе се издаваат за времетраење од 3(три) месеци.

II. Почетна цена за издавање на урбана опрема е:

 урбана опрема локација бр.8 -4 м² за продажбата на храна со почетна цена од 8.000,00 (осум илјади денари)

 локација за мобилна опрема до 2 м² за намена продажба на семки и други производи- со почетна цена од 2.500.оо (двеилјади и петстотини) денари .

2.1 Почетните цени за издавање на урбана опрема и локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.

2.2 Во почетната цена за издавање на урбана опрема и локациите, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.
– Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати во рок од 3 работни дена од известувањето за најповолен понудувач. Во спротивно договорот за закуп ќе биде склучен со наредно рангираниот учесник на јавниот повик.
– Редовно да ја одржува урбаната опрема која ја закупил и по завршувањето на договорот за закуп истата да ја предаде на закуподавачот во состојба каква што ја презел од него.( се однесува на типизираната куќарка бр.8)
– Да овозможи непречен увид на урбаната опрема од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото. ( се однесува на типизираната куќарка бр.8)
– Должни се да обезбедат времено броило(приклучок) за струја, со што потрошувачката на потрошена електрична енергија паѓа на товар на закупецот -(се однесува на типизираната куќарка бр.8)
– Паушалот за надомест на вода, редовно да го сервисираат кон ЈП Водовод Охрид како и трошоците за отпадни води, редовно да ги сервисираат кон ЈП Нискоградба – (се однесува на типизираната куќарка бр.8)
– Комуналните услуги, редовно да ги сервисираат кон ЈП Охридски Комуналец Охрид
– Да ги почитува сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно ќе следи еднострано раскинување на договорот.

2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
– Трошокот за комунална такса изнесува 7,00 (седум денари) од м2 дневно.
– Договорот со најповолните понудувачи за точка I ќe се склучуваат за период од 3 (три) месеци.

III. Доставување на понуди
3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:
1. Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
2. Физичко лице кое е жител на општина Охрид
3. Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.
Право на учество на јавниот повик немаат:
 Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.
3.2 Понудувачот треба да достави:

– Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/
– Уплатница на име депозит за учество на износ од:
– 3.000 оо (три илјади) денари за урбаната опрема од 4 м²-(се однесува на типизираната куќарка бр.8)
– Уплатата се врши на следната сметка:
210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје- Охрид

За правни субјекти
• Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),
• Потврда дeлa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при Општина Охрид);
• Потврда дека не е поведена постапка за стечај и ликвидација;
• Фотокопија од лична карта на управителот;

За физички лица
• Фотокопија од лична карта
• Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

Депозитот на учесниците за типизираната куќарка бр.8 кои нема да бидат избрани, како најповолни понудувачи, за одредена урбана опрема е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат урбана опрема на јавното наддавање ќe биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

IV. Начин на доставување на понуда
Понудата треба да се достави во затворен плик со назнака:

„НЕ OTBOPAJ“
ЈП Градски Пазар Охрид
Комисија за спроведување на оглас за прибирање понуди за издавање на урбана опрема бр. 07/2021
ул: „Булевар Туристичка“ 6p.79 Охрид

НAПOMEНA:
Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.
Пример за адресирање на плик за достава на понуда:

“НE OTBOPAJ“
„Да не се отвора пред 13.07.2021 Оглас бp.07/2021 ЈП Градски Пазар Охрид
Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на
урбана опрема бр. 07/2021

ул “Булевар Туристичка “ бр. 79 Охрид
Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид.
ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена состава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

V.Начин на отворање

Понудите да се достават најдоцна до 13.07.2021 г во 12.00 часот.

 Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди
 Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање
 За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.
 За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 2.2.

VI. Предмет на јавно наддавање
Предмет на јавното наддавање е месечната конечна цена, за период од 3(три) месеци.
VII.Склучување на договор
Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.
Договорот ќе се склучи во рок од пет работни дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач.
Пред склучувањето на Договорот, понудувачот е должен во целост да изврши уплата на постигнатата цена на јавното наддавање.
По склучување на договорот пондувачот е должен да изврши подмирувањето на обврските кои произлегуваат од истиот, уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец” .Понудувач -физичко лице е должно во рок од 15 дена по склучување на договор да достави доказ за регулирани односи за вршење дејност со УЈП Охрид.
Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање, не склучи договор во цитираниот рок, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.
Приговорот во врска со јавното наддавање, понудувачот е должен да го достави до ЈП Градски Пазар најдоцна во рок од 3 дена од завршување на јавното наддавање. Надлежен орган по одлучување на сите приговори е Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар, кој за приговорите ќе одлучува во рок од 3 работни дена по завршување на рокот за поднесување на приговорите.
Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

Комисија за спроведување на поставка
за издавање на урбана опрема со
Решение бр. 03-356 од _08.07.2021 г

1. Наташа Стерјовска-Претседател
2. Соња Недеска
3. Гордана Малеска- член
и нивни заменици
1. Боро Павлоски-заменик претседател
2. Мириша Парталко-член
3. Костадинка Трајаноска-член

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД
Директор
Кристина Крлеска Деспотоска