ОГЛАС бр. 06/2021 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПРОСТОР ЗА ПОСТАВАЊЕ МОБИЛНА ОПРЕМА –ДО 2 м²

Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 год. бр. 08-11545/41 од 29.12.2020 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр.16/2020), записникот бр. 19-2366/1 од 05.03.2021, Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во Општина Охрид бр. 08-4086/51 од 28.04.2021 година и Одлука за донесување на Правилникот со кој се утврдени начинот и условите за изнајмување на урбана опрема за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Охрид бр. 08-4086/18 од 28.04.2021, како и член 6 од Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП Градски Пазар, Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:

ОГЛАС бр. 06/2021
ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПРОСТОР ЗА ПОСТАВАЊЕ МОБИЛНА ОПРЕМА –ДО 2 м²

ЈП Градски Пазар Охрид издава на простор-локација за поставување мобилна oпpeма до 2 м²- за намена продажба на пченки

I. Издавање на простор-локација за поставување мобилна oпpeма до 2 м² за намена: продажба на пченки-вкупно 8
 Плоштад Крушевска Република- вкупно 3
 Kej Македонија-вкупно -5 (пет)

Во поглед на поставањето на мобилната опрема, истата е предвидено да биде поставена Плоштадот Крушевска Република и на потегот на Кеј Македонија
Издавањето на просторот ќе биде за времетраење од 3(три) месеци.

II. Почетна цена за издавање на простор-локација за поставување мобилна oпpeма до 2 м²- за намена продажба на пченки

 локација за мобилна опрема до 2 м² за намена продажба на пченки- со почетна цена од 2.500.оо (двеилјади и петстотини) денари месечно .

2.1 Во почетната цена за издавање на простор-локација за поставување мобилна oпpeма до 2 м²- за намена продажба на пченки, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена,
Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати во рок од 3 работни дена од известувањето за најповолен понудувач. Во спротивно договорот за закуп на урбана опрема ќе биде склучен со наредно рангираниот учесник на јавниот повик.
– Да овозможи непречен увид од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото.
– Комуналните услуги, редовно да ги сервисираат кон ЈП Охридски Комуналец Охрид.
– Да ги почитува сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно ќе следи еднострано раскинување на договорот.

2.3 Трошоците за хигиена, паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
– Трошокот за комунална такса изнесува 7,00 (седум денари) од м2 дневно.
– Договорот со најповолните понудувачи за точка I ќe се склучуваат за период од 3 (три) месеци.

III. Доставување на понуди
3.1 Право на учество на јавниот повик за издавање на простор-локација за поставување мобилна oпpeма до 2 м²- за намена продажба на пченки има секое:
1. Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
2. Физичко лице кое е жител на општина Охрид
3. Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.
Право на учество на јавниот повик немаат:
 Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.
3.2 Понудувачот треба да достави:

– Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/

За правни субјекти
• Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),
• Потврда дeлa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при опшгина Охрид);
• Потврда дека не е поведена постапка за стечај и ликвидација;
• Фотокопија од лична карта на управителот;

За физички лица
• Фотокопија од лична карта
• Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

IV. Начин на доставување на понуда
Понудата треба да се достави во затворен плик со назнака:

„НЕ OTBOPAJ“
ЈП Градски Пазар Охрид
Комисија за спроведување на оглас за прибирање понуди за издавање на урбана опрема бр. 06/2021
ул: „Булевар Туристичка“ 6p.79 Охрид

НAПOMEНA:
Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.
Пример за адресирање на плик за достава на понуда:

“НE OTBOPAJ“
„Да не се отвора пред 05.07.2021 Оглас бp.06/2021 ЈП Градски Пазар Охрид
Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на
урбана опрема бр. 06/2021

ул “Булевар Туристичка “ бр. 79 Охрид
Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид.
ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена состава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

V.Начин на отворање

Понудите да се достават најдоцна до 05.07.2021 г во 12.00 часот.

 Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди
 Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање
 За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.
 За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за простор-локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 2.1.

VI. Предмет на јавно наддавање
Предмет на јавното наддавање е месечната конечна цена, за период од 3(три) месеци
VII.Склучување на договор
Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.
Договорот ќе се склучи во рок од пет работни дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач.
Пред склучувањето на Договорот, понудувачот е должен во целост да изврши уплата на постигнатата цена на јавното наддавање.
По склучување на договорот понудувачот е должен да изврши подмирување на обврските кои произлегуваат од истиот, уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец”. Понудувач -физичко лице е должно во рок од 15 дена по склучување на договор да достави доказ за регулирани односи за вршење дејност со УЈП Охрид.
Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање, не склучи договор во цитираниот рок, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.
Приговорот во врска со јавното наддавање, понудувачот е должен да го достави до ЈП Градски Пазар најдоцна во рок од 3 дена од завршување на јавното наддавање. Надлежен орган по одлучување на сите приговори е Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар, кој за приговорите ќе одлучува во рок од 3 работни дена по завршување на рокот за поднесување на приговорите.
Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

Комисија за спроведување на поставка
за издавање на урбана опрема со
Решение бр. 03-349 /1 од _01.07.2021 г

1. Наташа Стерјовска-Претседател
2. Костадинка Трајаноска-член
3. Гордана Малеска- член
и нивни заменици
1. Боро Павлоски-заменик претседател
2. Мириша Парталко-член
3. Соња Недеска-член

 

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД
Директор
Кристина Крлеска Деспотоска

 

Превземи оглас PDF