OГЛАС за издава под закуп продажни места

ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар, мал плац, тезги за продажба на бижутерија и штандови за текстил.
Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:
-Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчи и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен потпис, со прецизиран бр.на тезга за која се заинтересирани.
-Правните лица потребно е да достават Решение од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со потпис и печат, со прецизиран бр.на тезга за кој се заинтересирани.
-Копија од Лична карта на подносителот на Барањето.
НАПОМЕНА:
Како еден од клучните критериумите за разгледување на барањето е да нема долг кон Претпријатието да има комплетна документација, и редовно да ги сервисирал обврските кон ЈП Градски Пазар Охрид.
Продажните места (Тезги) од бр. 1 до бр. 4 и од бр.13 до бр.16 задолжително се издаваат заедно со мал плац во близина на тезгата.

Огласот се однесува за периодот од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година.
Огласот за пријавување трае од 15.01.2021 – 22.01.2021 година.

Непотполни,ненавремени и неисправни Барања, нема да биде предмет на разгледување.
Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид или на тел.046/266-600.
Пополнетите Барања да се достават во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.
ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид

Оглас PDF